Роналдо почна да учи во изолација

J

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, објави нова фотографија на својот Инстаграм. 35-годишниот Португалец ги извести следбениците дека почна да учи во време на самоизолација заради пандемија на коронавирус.

– Секогаш предизвикувајте се! Мене ми дојде време да учам, напиша Роналдо на фотографијата.

Оваа сезона Роналдо настапи на 32 натпревара, постигна 25 голови и направи пет асистенции.