Роналдо постигна нов рекорд, десетти хет-трик во репрезентативниот дрес

21

Најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо постави нов светски рекорд во репрезентативниот дрес.

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, синоќа во триумфот над Луксембург со 5:0, три пати се запиша во листата на стрелците. Ова е рекорден, 10. хет-трик за Роналдо кога настапува за репрезентацијата.

Португалија е втора во А-групата од квалификациите за Светското првенство 2022, со 16 бода, зад лидерот Србија која има 17, но и натпревар повеќе. Следуваат Луксембург со 6 бода, Ирска со 5 и Азербејџан со 1.

Директен пласман на Мундијалот во Катар ќе обезбеди првопласираната селекција, додека второто место носи учество во баражот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.