Роналдо потврди дека ќе игра против Атлетико Мадрид

Најголемата ѕвезда во дресот на шпанскиот гигант Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ги израдува најверните фанови на “кралскиот клуб” со изјавата дека сигурно ќе настапи на саботниот финален натпревар од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

“Сабота? Сигурно дека ќе бидам подготвен за игра. Во овој момент не сум 100% подготвен, но сигурно ќе играм против Атлетико Мадрид. Цела година работиме напорно за да избориме пласман во финалниот натпревар. Реал Мадрид секогаш е во игра за најважните трофеии на клупската сцена. Нормално дека и моето тело има некаков проблем, не е лесно да се игра секоја недела, а понекогаш и двапати во една недела. Јас потпишав за Реал Мадрид со намера да ги освојам најважните трофеии. Среќен сум што ќе го одиграм првиот финален натпревар во дресот на Реал Мадрид”, изјави португалскиот интернационалец.