Роналдо повторно заработува повеќе од Меси

Кристијано Роналдо, по трансферот во Манчестр јунајтед, од најголемиот ривал, Лионел Меси, го презеде првото место на листата, на најплатени светски фудбалери.

Според податоците на „Форбс“, Роналдо во сезоната 2021/2022, ќе заработи 125 милиони долари. Кога ќе ги плати даноците, од оваа сума на Португалецот ќе му останат 70 милиони долари. „Форбс“, наведува дека ја пресметале заработката на Роналдо од платата, спонзорските договори и личните брендови.

На второто место е Меси. И тој летово направи трансфер, од Барселона во ПСЖ. Аргентинецот, пред да ги плати даноците, ќе заработи 110 милиони долари.

Меѓу најплатените десет фудбалери во светот, покрај Меси има уште двајца играчи на ПСЖ, Нејмар и Килијан Мбапе.

Погледнете ја Топ 10 листата на „Форбс“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.