Роналдо пуштен на домашно лекување

Легендарниот бразилски фудбалер, Роналдо беше отпуштен од болница на домашно лекување откако се опорави од пневмонија.
Роналдо им се заблагодари на лекарите и на целиот медицински персонал, како и на сите наавивачи кои го подржаа, како и на професионализмот што го покажаа кога му било најтешко.

Роналдо пред два дена беше сместен во одделот за интензивна нега во болница во Ибица, откако му беше дијагностицирана пневмонија.

Тој постигна 62 гола во бразилскиот дрес, вклучувајќи и два погодоци во финалето на Светското првенство во 2002 година, кога Бразил стигна до петтата светска круна.

За време на неговата кариера Роналдо играше за „Крузеиро“, „ПСВ“, „Барселона“, „Интер“, „Реал“, „Милан“ и „Коринтијанс“.

Тој освои две Златни топки за најдобар играч на светот во 1997 и 2002 година.