Роналдо се поздравил со некои oд соиграчите: Отидов јас!

Можеби ќе ги налути и разочара навивачите на Манчестер Јунајтед, но Кристијано Роналдо е решен по секоја цена да го напушти Јувентус ова лето.

Со оглед на тоа што нема многу заинтересирани за него, пред се поради високата плата, единствен кој може да си го дозволи е Манчестер Сити. Англиските медиуми уште синоќа објавија дека Роналдо и клубот се договорени, а останува уште дозвола да даде Јувентус. Истата приказна ја потврди и познатиот италијански новинар Џанлука ди Марцио кој додаде уште еден важен детал.

„Кристијано Роналдо повеќе нема да игра за Јувентус и им порачал на тренерот Масимилијано Алегри и управата дека повеќе не е на располагање. Со дел од соиграчите веќе се поздравил, а остатокот ќе го направи тоа денеска, во тренинг кампот“, откри Ди Марцио.

Неколку медиуми објавија дека Сити, на крајот, прифатил да плати 30 милиони евра, пред се поради тоа што пропаднаа сите надежи дека Хари Кејн се пресели во редовите на шампионот.