Роналдо со вчерашниот погодок урна низа рекорди во Лигата на шампионите

34 годишниот фудбалер го зголеми водството пред Лионел Меси на врвот на листата на стрелците на сите времиња и сега има постигнато 128 погодоци во Лигата на шампионите, дури 16 повеќе од Меси.

Ниту еден фудбалер нема повеќе голови од Кристијано Роналдо против германски клубови. Португалецот постигнал 27 погодоци на 25 настапи против тимови кои доаѓаат од Германија.

Исто така, Роналдо ја пордолжи серијата и сега има постигнато погодоци во 14 сезони во Лигата на шампионите по ред со што го изедначи рекордот на Лео Меси и Раул. По вчерашната победа, вкупно 102 за него во европските натпреварувања, Роналдо го сруши рекордот на неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Икер Касилијас за најмногу победи во Лигата на шампионите на сите времиња.

Баер Леверкузен беше 33тиот различен тим против кого Роналдо постигнал гол во Лигата на шампионите со што го израмни рекордот на Раул Гонзалез.

Инаку, на вчерашниот ден Роналдо обележа и еден јубилеј, 16 години од неговото деби во Лигата на шампионите. Офанзивецот дебитираше на 1 октомври 2003 година кога Манчестер Јунајтед загуби од Штутгарт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.