Роналдо стаса до 139 голови во ЛШ

Manchester United's Cristiano Ronaldo scores the goal 1-1 during the UEFA Champions League group F soccer match between Atalanta BC and Manchester United at the Gewiss stadium in Bergamo, Italy, 2 November 2021. ANSA/PAOLO MAGNI

Со двата погодок на мечот против домашната Аталанта, португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо стаса од бројката од дури 139 голови во Лигата на шампионите.

Роналдо го спаси Манчестер Јунајтед од пораз во Бергамо псотигнувајќи ги двата погодока во судиските продолженија на првото и на второто полувреме, откако Аталанта водеше со 1:0 и 2:1.

Роналдо така во својот рекорден 180-ти натпревар стаса до рекордните 139 голови.

Зад него е Аргентинецот Лионел Меси со 123 погодици во елитното континентално натпреварување, а Полјакот Роберт Левандовски кој во вторникот вечерта во домашната победа на Баерн од 5:2 над Ненфика оствари хет-трик има 81 гол во Лигата на шампионите.

Во низата рекорди кои ги собори, Роналдо додаде уште еден. Со двата гола во мрежата на Аталанта стана и најстариот играл во историна на Манчестер Јунајтед кој на еден европски натпревар постигнал два погодока. Тоа го оствари со 36 години и 270 дена.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИТЕ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

139 – Кристијано Роналдо (Португалија)
123 – Лионел Меси (Аргентина)
81 – Роберт Левандовски (Полска)
73 – Карим Бензема (Франција)
71 – Раул (Шпанија)
56 – Руд ван Нистелрој (Холандија)
50 – Тиери Анри (Франција)
49 – Томас Милер (Германија)
48 – Златан Ибрахимовиќ (Шведска), Андриј Шевченко (Украина)…