Роналдо во Неимар го пронајде својот наследник

Легендарниот репрезентативец на Бразил, Луис Назарио де Лима Роналдо е убеден дека неговиот сонародник, последната милионска аквизиција на каталонскиот гигант Барселона, Неимар, ќе испише неколку нови страници во бразилската фудбалска историја.

„Нема бегање од тој факт дека Неимар е фантастичен фудбалер. Јас сум убеден дека Неимар ќе биде запаметен како еден од најдобрите фудбалери во бразилската фудбалска историја. Неимар е на вистинската патека. Харизматичен фудбалер кој целосно е фокусиран на својот клуб и на репрезентацијата. Неимар е решен да успее и ќе успее”, изјави Роналдо.