Роналдо знаел дека нема вечно да остане на Олд Трафорд

Поранешниот претседател на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Дејвид Гил, откри дека кога биле осигурани услугите на Кристијано Роналдо, кој беше купен од португалскиот прволигаш Спортинг од Лисабон. Крилниот напаѓач веднаш ги информирал клупските челници дека не планира Манчестер Јунајтед да биде последниот клуб во неговата кариера.
“Алекс Фергусон и Карлос Куеирош најдобро знаеа како функционира Роналдо, како размислува, каков е неговиот менталитет. Карлос веднаш ни кажа дека Роналдо не планира Манчестер Јунајтед да биде последниот клуб во неговата кариера. Роналдо е таков човек, таква личност. Ние моравме да го извадиме, да го извлечиме најдоброто од Роналдо и да му обебзедиме таков договор кој ни гарантираше дека нема да си замине од “Олд Трафорд” за некоја скромна сума. Сите бевме свесни, знаевме дека порано или подоцна ќе си замине од “Олд Трафорд”. Мислевме дека ќе си замине за шест, седум сезони. Роналдо е роден во Јужна Европа, многу е приврзан со својата фамилија. Ние така ја доживеавме соработката со португалскиот интернационалец”, изјави Гил.