ФОТО: Ронадлињо доживеа сообраќајна несреќа

Роналдињо доживеа сообраќајна несреќа. Неколку дена откако доби отказ во редовите на бразилски Флуминенсе, по само девет одиграни натпревари, Роналдињо доживеа сообраќајна несреќа.

Тој во петокот со својот џип слета од патот во родниот град Порто Алегро. Среќа во несреќа е што избегна повреда, но се најде во необична ситуација.

Роналињо доживеа сообраќајна несреќа
Роналињо доживеа сообраќајна несреќа

Додека, светски познатиот фудбалер, ја чекаше влечната служба за да го извлече џипот, му пријде еден обожавател и го прашал дали може да направи селфи фотографија.

Иако 35-годишниот бразилски виртуоз прифатил да биде направена фотографијата, неговиот израз на лицето најдобро говори како се чусвтвувал во тој миг.