Рондо може повторно да заигра за Лејкерс

Искусниот 35-годишен американски кошаркар Раџон Рондо повторно би можел да заигра за Лос Анџелес Лејкерс, откако постигна договор со Мемфис Гризлис според кој стана слободен играч.

Лејкерс, како што пренесуваат американските медиуми, би сакале повторно да го видат Рондо во своите редови. Тој во тимот од Лос Анџелес мија две години, од 2018 до 2020-ра, и имаше значајна улога во освојувањето на титулата во НБА лигата во 2020 година.

Рондо летово дојде во Мемфис како дел од размената во којашто Ерик Бледшо замина во ЛА Клиперс, а во Гризлис стасаа Рондо, Патрик Беверли и Даниел Отуру.

Во досегашните 15 сезони минати во НБА лигата, Рондо настапуваше за Бостон Селтикс, со кои беше шампион во 2008 година, а потоа за Далас Маверикс, Сакраменто Кингс, Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс, Лос Анџелес Лејкерс, Атланта Хоуск и за Лос Анџелес Клиперс.