Роси незадоволен од новата Јамаха

Легендарниот италијаски возач Валентино Роси не е премногу задоволен од напредокот на неговата екипа „Муви стар Јамаха“ во однос на минатата сезона,па „Докторот“ се пожали дека неговата „јамаха“ слабо забрзува.
Овој проблем бил посебно истакнат при возењето со истрошени гуми.

-Сезонава сме на исто ниво, добра е шасијата, моторот подобро оди од минатата сезона. Но мора многу да работиме на електрониката, затоа што се мачиме со забрзувањето. Тешко е, посебно со потрошени пневматици при влегување во свиоците. Изгледа дека останатите произведувачи се подобри од нас во овој сегмент- изјавил Роси.

Тој заедно со својот тимски колега Маверик Вињале имаа променливи резултати на последниот ден од претсезонските тестирањана во саботата во Катар во Катар. Роси константно се жали на слабото забрзување кое го има неговата нова машина „Јамаха М1 2018“.

Новата сезона во МОТО ГП почнува во Катар на 18. март, а титулата ја брани Марк Маркез.