„Роснефт“ му најави на Путин почеток на гигантскиот проект на Арктикот

Руската нафтена компанија „Роснефт“ му најавила во средата на претседателот Владимир Путин почеток на „Васток Оил“, гигантски проект на Арктикот кој би требалo да го поттикнe економскиот раст на земјата.

„Со задоволство ве известувам за почетокот на спроведување на проектот. Согласно планот, во тек се истражувачките активност и изгрaдбата на нафотовод долг 770 километри и на прiстаништата“, изјавиl Игор Сечин, челникот на „Роснефт“ во текот на средбата со претседателот Владимир Путин, со кого инаку се многу блиски, и му се заблагодарил за усвојувањето на законот кој ги олеснува инвестирањата на Арктикот.

Станува збор за проект кој е основа за руските амбиции на Арктикот, а обединува неколку активности на „Роснефт“ на рускиот Далечен исток, во близина на северната поморска рута којашто компанијата има намера да ја користи за испораки во Европа и во Азија.

Во февруари годинава Сечин во разговорот со Путин предочи дека овој проект на земјата годишно ќе ѝ носи 2 отсто од вкупниот бруто домашен производ (БДП).

Сечин тогаш порача дека „оваа нова нафтена и гасна покраина“ на полуострвот Тајмир, најсеверниот дел од Азија, ќе има ресурси од околу пет милијарди тони нафта и дека во неа ќе бидат вложени 10.000 милијарди рубљи или 132 милијарди евра.

Проектот предвидува изградба на петнаесет „работни села“, два аеродрома, едно целосно ново пристаниште и отворање на 130.000 работни места. Сечин притоа предвидува дека за проектот ќе треба да бидат ангажирани повеќе од 400.000 луѓе.

Минатата седмица „Роснефт“ најави продажба на десет отсто од акциите во проектот на сингапурската компанија „Trafigura“, но не беше наведена сумата. Компанијата претходно наведе дека Индија, исто така, е заинтересирана за учество во овој проект.

Сечин најавува дека во прво време ќе се произведуваат 50 милиони тони нафта годишно, а потоа и двојно повеќе. Ветува дека до 2024 година 30 милиони тони ќе бидат транспортирани преку рутата која ги поврзува Атлантскиот и Тихиот Океан, позната како Североисточниот премин или Северниот поморски пат.