Росоклија за СДСМ: Интелектуална и морална дегенерација

Горазд Росоклија е новиот претседател на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование
Горазд Росоклија е новиот претседател на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование

„Национално предавство, нацистичка форма на антисемитизам, вулгарно манифестирана хомофобија и партиско раководство заглибено во криминал, е сликата на моралната и интелектуална дегенерација на партиската врхушка на СДСМ“, напиша на фејсбук професорот на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк, Горазд Росоклија.

Тој преку објавата на фејсбук реагира на вчерашните напади на функционери на СДСМ кон министерката во МТСП Рашела Мизрахи, на верска и национална основа, затоа што е Еврејка.