Росоклија: Трочлената банда ја претвора Македонија во европска депонија

Професорот Горазд Росоклија преку својот профил на Фејсбук го изнесе својот став дека „македонската трочлена банда“ од Македонија направила „европска депонија“.

Македонската трочлена банда, тотално безвредни во нивните досегашни професионални животи, ниту еден од нив макар со локална професионална афирмација, едниот помилуван криминалец, гуската и мочкото цел живот на функции со бенефиции кои ги плаќа Македонецот против чии интереси работаат, безпоговорно кон меѓународната и со молскавична брзина го спроведуваат ЕУ планот за Македонија!Ние што сме надвор ја губиме татковината, вие што сте во Македонија губите сѐ“, напиша професорот на Универзотет „Колумбија“ од Њујорк и член на Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) надвор од работниот состав.