„Росонерите“ го добија дербито на Милано, Лацио сигурен во Фиренца

Inter Milans goalkeeper Samir Handanovic (L) challenges for the ball AC Milan's Olivier Giroud during the Italian serie A soccer match between FC Inter and Milan at Giuseppe Meazza stadium in Milan, 5 February 2022. ANSA / MATTEO BAZZI

Во големото миланско дерби одиграно во саботата во рамките на 24-то коло од италијанското фудбалско првенство, Милан со пресврт со 2:1 го совлада водечкиот интер.

Интер доминираше во првото полувреме, постигна погодок уште во раната фаза од дуелот, кога постигна погодок преку Димфрис но поради офсајд позиција на додавачот Перишиќ на асистенција на линискиот судија, „Неразѕурите“ остана без водство. Сепак, во 38 минута Интер дојде до заслуженото водство, кога Чалханоглу изведе корнер, топката ги прелета сите играши во средината на шеснаесетникот и идеално падна на ногата на Иван Перишиќ кој со прецизен приземен удар од десетина метри го совлада противничкиот голман.

Милан направи пресврт за само три минути во завршницата на натпреварот, преку Оливие Жиру во 75 и 78 минута. На првиот погодок жестокот реагираа играчите на Интер сметајќи дека судијата и неговите помошници во ВАР-от направија превид во зачетокот на акцијата. Се доби впечаток дека Жиру на половината од Интер ја освои топката со туркање на Видал, топката стаса до Браим кој успрати лош шут кон голот, но тоа се претвори во асистенција за Жиру кој ја промени насоката на топката за израмнување на 1:1. Три минути подоцна Жиру ја прими топката свртен со грбот кон противничкиот гол, го измами својот чувае и од свртување уште еднаш го совлада Самир Хандановиќ.

Со победата Милан дојде до 52 бода, еден помалкиу со натпревар повеќе од водечкиот Интер.

Во последниот саботен дуел Лацио беше уверлив со 3:0 на гостувањето кај Фиорентина. По израмнетото прво полуврме, Лацио во вториот дел поведе во 52 минута кога Сергеј Милинковиќ-Савиќ правовремено втрча и го искористи проигрувањето на Закањи за водство. На 2:0 зголеми Чиро Имобиле во 70 минутакоа му избега на Настасиќ и сам изби пред Терец иано, а конечниот резултат го постави Бираги со автогол во 81 минута кога ја втурна топката во сопстената мреж по шутот на Имобиле.

Шестопласираниот Лацио сега има 39 бодови, како и седмопласираниот градски ривал Рома која претходно во саботата на својот „Олимпико“ одигра без голови со давеникот Џенова. Фиорентина остана осма со 36 бодовои, а Џенова остана претпоследна 19-та со 14 бодови, четири помалку од зоната на опстанок.