Рот: Сега не е момент за првата меѓувладина конференција, вето од Бугарија

Во потрага по разумни решенија и сакајќи да бидеме од помош, сметаме дека сега не е момент за првата меѓувладина конференција, рече германскиот министер за европски прашања, Михаил Рот.

,,Доколку имате билатерални конфликти кои не можат да се разрешат во наредните неколку недели, сега не е време за почеток на првата меѓу владина конференција. Сакаме да испратиме вистински сигнал кон западниот Балкан, Македонија и Албанија, тие направија многу, постигнаа многу, но тоа е долг пат кој започнува со преговори.”, рече Рот по завршувањето на состанокот на Советот на министри во Брисел.

Рот, кој претседаваше со денешниот министерски состанок на ЕУ, рече дека сите земји членки на ЕУ, освен Бугарија, во денешната дискусија ја поддржале преговарачката рамка за Македонија. Тој посочи дека се надева на компромис во наредните денови или седмици. Иѐрази надеж дека се уште има простор за пробив во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, за првата меѓувладина конференција да може да се одржи до крајот на годинава, односно додека Германија претседава со Советот на ЕУ.

Германскиот државен министер за Европа рече дека Македонија и Албанија направиле многу во процесот на евроинтеграција.

„Треба да се испрати јасен сигнал кон западен Балкан. Македонија и Албанија направија многу и постигнаа многу, но тоа е долг пат кој почнува со преговори“, рече Рот и додаде дека Германија во овој период се обиде да ги приближи позициите на Бугарија и на Македонија и дека досега не успеа во тоа, ама дека ќе продолжи да дава поддршка и во наредниот период.

Бугарија претходно одби да ја прифати преговарачката рамка за Македонија, што е предусловот за почетокот на преговорите за присапувањето на Европската унија. Бугарија стави вето на преговарачката рамка на Македонија за почеток на преговорите со ЕУ, затоа што бугарските услови на кои инсистира официјална Софија не се исполнети.

Одлуката ја соопшти бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева која рече дека Софија бара  придржување кон формулацијата за јазикот од Договорот склучен во 2017 година, патоказ со точни рокови за негово спроведување и јасен текст дека не се признава македонското малцинство во Бугарија.

„Бугарија во оваа фаза не може да ја поддржи нацрт преговарачката рамка за (Северна) Македонија и свикување на првата меѓувладина седница за приспатувањо“, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, по видео-конференцијата на министрите за европски работи на земјите членки на ЕУ, на којашто една од темите беше и проширувањето на Унијата.

Бугарија ја поддржа преговарачката рамка за Албанија – за Македонија не се исполнети бугарските услови, изјави Захариева.

Германскиот министер за европски работи Михаел Рот, кој претседаваше со состанокот, изјави и дека двете земји Бугарија и Македонија треба да ги решат своите билатерални несогласувањеа за преговорите да можат да започнат.

„Сакаме да помогнеме, сакаме да го расчистиме патот, колку тоа е можнот за да започнеме со меѓувладините конференции“, рече Рот.

Земјите членки на ЕУ дадоа зелено светло за отворање на преговорите со Македонија и Албанија уште во март, но за формално отворање на преговорите земјите членки мора да ја усвојат преговарачката рамка, што е клучниот документ со кој се дефинира како и врз кои принципи ќе се одвиваат пристапните преговори. Преговарачката рамка треба едногласно да ја усвојат земјите членки, и тоа е услов за свикување на првата меѓувладина конференција за пристапувањето и на којашто формално се отвораат преговорите.

Бугарија инсистира на тоа дека Македонците и македонскиот јазик имаат бугарски корени. Софија бара во преговарачката рамка да се одразуваат нејзините ставови за македонскиот идентитет, јазикот и историските личности. Според неа неприфатливо е „ревизијата на заедничката историја, негирањето на заедничките етнички и јазични корени и неоснованите тврдња за постоењето на македонско малцинство во Бугарија“.

Обидите на германското претседателство да се надмине спорот, за кои сѐ уште не е јасно во што се состоеле освен декларативните изјави на фунцкионерите во Берлин, не дадоа резилата за отстранување на пречките.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.