Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот апелираше до Велика Британија да се држи до договорот за Брегзит за кој преговараше со Европската Унија минатата година пред клучното гласање во Вестминстер за нацрт-законот за внатрешниот пазар, што не е во согласност со договорот.
– Ние навистина, навистина сме разочарани од резултатите на досегашните преговори. Овој таканаречен закон за внатрешен пазар е крајно загрижувачки за нас, бидејќи ги крши водечките принципи на договорот за повлекување. И тоа е за нас целосно неприфатливо. Но, ве молам, драги пријатели во Лондон, запрете ги игрите. Времето истекува, истакна Рот.
Наредниот состанок на заедничката комисија на Европската Унија и на Велика Британија треба да се одржи в понеделник.