Роухани и Ердоган разговараа за протестите во Иран

Иранскиот претседател Хасан Роухани во телефонскиот разговор со турскиот колега по должност Реџеп Тајип Ердоган рекол оти дека се надева оти протестите кои деновиве го потресуваа Иран ќе завршат за неколку дена, се наведува во соопштението од кабинетот на турскиот претседател.

Ердоган во разговорот истакнал дека во иранското општество мора да се зачуваат „мирот и стабилноста“, како и дека го споделува мислењето на иранскиот колега Роухани дека правото на протест не значи дека смее да се „крши законот“, се издвојува во соопштението.

„Претседаетлот Роухани му се заблагодари на претседателот Ердоган за разбирањето и изрази надеж дека протестите ќе завршат за неколку дена“, се додава во објавата од Анкара.

Врските меѓу Турција и Иран во минатото имаа остри подеми и падови, но последните месеци се поправија значително, откако Анкара и Техеран соработуваат со Москва во врска со постигнувањето мирно решавање на вооружениот конфликт во Сирија, каде што двете земји поддржуваат спротиставени страни.

Двете земји, исто така, хуманитарно го помагаат Катар откако петте блискоисточни арапски сунитски земји целосно ја блокираа оваа мала монархија обвинувајќи ја за наводна поддршка на тероризмот, приближување кон шиитски Иран и овозможување на Турција да ја прошири својата воена база во оваа земја.