Роухани порача дека Иран нема да трпи провокации од странски сили, ја критикува ЕУ

Иран нема да толерира никакви провокации со инвазии од стански сили порача во средата иранскиот претседател Хасан Роухани и додаде дека Европската унија не е во состојба да ги исполни обврските кон неговата земја произлезени од нуклеарните договор што во 2015 година Техеран го постигна со шесте светски сили и предупреди дека трпението на Техеран во врска со нукеларниот договор има ограничување.

„Ние нема да трпимие провокативни инвазии на стеранци“, рече Роухани на 74-то заседание на Генерлното собрание на ОН додавајќи дека Итран „решително и моќно ќе одговори на секое нарушување“ на неговиот територијален интегритет или на акана по неговата безбедност.

„Ова е пораката на иранскиот народ: ајде да инвестираме во надежите за подобра иднина наместо во војна и насилство. Да се вратиме на справедливости, мирот, законот, исполнувањето на обврските, ветувањата и, во крајна линија, на преговарачката маса“, додаде Роухани.

Рече и дека Еевропската унија не е во состојба да ги исполни своите обврски кон Иран за да ги надомести штетите од новите заострени американски санкции, откако Вашингтон во мај 2018 година еднострано се повлекоа од нуклеарниот договор.

„Во согласност со нуклеарниот договор и од почитување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, ние ѝ дадовме на Европа можност да ги исполни своите 11 обврски, предвидени да го компензираат повлекувањето на САД (од договорот). Сепак, за жал, слушнавме само убави зборови, без да видиме некои ефективни чекори. Сега на сите им е јасно дека САД им го свртија грбот на своите обврски, а ЕУ не е способна и не може да ги исполни своите обврски“, рече Роухани.

Но истакна дека „Иран продолжува да ги исполнува своите обврски“ од споменатио тнуклеаен договор.

Роухани рече претходно дека Иран не верува во искреноста на американските предлози за почеток на преговори. Според иранскиот челник против неговата земја се спроведува „економски тероризам“ од страна на САД.

„Никогаш не сме попуштиле на надворешните притисоци. Не можеме да веуваме во поканата за преговори која доѓа од луѓе кои тврдат дека ги вовеле настрогите санкции во историјата“, речи Роухани алудирајќи на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Техеран останува посветен на нуклеарниор довор, но трпеливоста на земјата има крјани граници, изјави претседателот Роухани.

„Ние остануваме во Заедничкиот сеопфатен план за акција (полното име за никлеарниот договор од Виена – з.р.), врз основа на нашите обврски и заложби, но трпението на Иран има граници“, рече Роухани од говорницата на Генералното собрание на ОН.

Роухани ова го кажа откако стапи на сила третата фаза од постепеното суспендирање на обврските на Техеран произлезени од договорот, започнати на почетокот од септември, што според европските потписници може да води кон целосно пропаѓање на договорот.