Роухани во ОН го обвини Трамп за „економски тероризам“

Иранскиот претседател Хасан Роухани ја осуди во вторникот во своето обраќање на Генералното собрание на Обединетите нации, американската политика кон Иран за којашто рече дека со започнување на економска војна се сака да се урне сегашната иранска власт и оценувајќи дека американскиот пристап е осуден на пропаст.

САД водат економска војна против Иран, рече претседателот Хасан Роухан, наметнувајќи еднострани санкции, коишто беа укинати со мулилатералниот договор со оваа земја за нејзината нуклеарна програма во 2015 година, врз осова на која Техеран се обврза да ја ограничи својата програма а за возврат другите шест потписнички на договорот САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија да издејствуваат укинување на децениските економски санкции за земјата.

„Парадоксално е што Соединетите држави не го кријат својот план за уривање на иранската влада, дури и додека повикуваат на преговори“, изјави Роухани тврдејќи дека американската политика кон Иран е погрешна од самиот почеток, како и дека пристапот кој подразбира неприфаќање на волјата на иранскиот народ која повеќепати е изразена на изборите е осуден на пропаст.

Иранскиот претседател тврдеше дека „економската војна којашто САД ја спроведуваат под превезот на новите санкции не го погаѓа само иранскиот народ, туку има штетни последици и за народите на други земји, а таа војна предизвика и сериозни нарушувања во меѓународната трговија“.

„Она што Иран јасно го кажува е: не на војната, не на санкциите, не на заканите, не на притисокот, само однесување согласно законот и исполнувањето на обврските“, рече иранскиот челник.

Меѓутоа Роухани не се либеше во своето обраќање да упати навреди на сметката на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во мај ги повлече САД од нуклеарниот договор и ги врати санкциите, за кој тврдеше дека пати од „интелектуална слабост“.

Трамп неколку часа претходно во својот говор во ОН ги нападна иранските челници за коишто тврдеше дека се „корумпирана диктатура“, како и дека нивното дејствување и поддршка за милитантни групации во Либан, Сирија, Ирак и Јемен поттикнуваат нестабилност на Блискиот исток. „Иранското раководство сее хаос, смрт и деструкција“, рече Трамп обвинувајќи го Техеран дека не ги почитува ниту своите соседи, ниту границите на суверени земји.

Роухани во својот говор остра му возврати на американскиот претседател. „Спротиставувањето на мултилатерализмот не е знак на сила. Попрво ќе да е симптом на интелектуална слабост, таа оддава неспособност за разбирање на комплексниот и меѓусебно поврзан свет“, рече иранскиот претседател.

„Како можеме да започнеме преговори со администрација којашто толку лошо се однесува“, додаде Роухани истакнувајќи дека единствените можни преговори мора да се водат во Обединетите нациим и тоа врз основа на договорот кој „Вашингтон го искина“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.