Роухани за предлогот на Трамп за симнување на сите санкции кон Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп на разговорите со европските челници на маргините од Генералното собрание на ОН во Њујорк, предложил да се укинат сите санкции против Иран, изјавил во петокот иранскиот претседател Хасан Роухани.

„Друга тема на разговорите (на европските челници со Трамп) била кои санкции треба да се укинат, и Американците рекле дека ќе ги укинат сите санкции. Но тоа не беше во форма прифатлива за нас“, се наведува на официјалната интернет страница на иранскиот претседател.

Роухани, исто така, вели дека челниците на европските земји потписнички на нуклеарниот договор од 2015 година од кој САД истапија во мај 2018 година, инсистирале на одржување на директните разговори меѓу Техеран и Вашингтон, велејќи дека САД ќе ги укинат санкциите против Иран.

„Германската канцелрка, британскиот премиер, францускиот претседател инсистираа на состанок (со претседателот Доналд Трамп), велејќи дека САД ќе ги укинат санкциите“, изјавил Роухани по вречањето од Њујорк, каде што претходно пред Генералното собрание рече дека главниот услов на Техеран да започне какви и да се разговори со Вашингтон е укинувањето на повторно воведените американски санкции и враќањето во рамките на нуклеарниот договор.