РСБСП: Бидете одговорни возачи за време на новогодишните празници

32

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до возачите да бидат внимателни и одговорни и да не возат доколку конзумираат алкохол за време на новогодишните празници.

– Фактот дека е период на празници, време на веселби, прослави и забави, не Ви дава право да управувате моторно возило под дејство на алкохол. Напротив, ова е период во кој возачите треба да ја покажаат на дело својата свесност и совесност, велат од РСБСП.

Оттаму препорачуваат доколку возачите немаат некоја голема или неодложна потреба, да го остават возилото и да побараат друга форма на превоз како такси или јавен превоз.

– Ако немате некоја голема или неодложна потреба, најдобро е да го оставите возилото и да побарате друга форма на транспорт. Студеното време, ниските температури, замрзнатите и влажни коловози и маглата на патиштата, можат да ви направат проблеми. Затоа, најдобро е да користите такси или друг јавен превоз – истакнуваат од РСБСП.

Апелираат и до останатите граѓани да не дозволуваат пијан возач да вози, ниту да се возат со пијан возач бидејќи со тоа го доведуваат во опасност сопствениот живот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.