Рубљата и еврото зајакнаа а доларот ослабе по напредокот во преговорите

Рубљата зајакна во средата поткрепена делумно од напредокот во преговорите меѓу Москва и Киев како и поради барањето рускиот гас Западот да го плаќа во руската валута, со што го продолжи закрепнувањето кон нивоата на кои беше пред почетокот на руската офанзива во Украина.

Во однос на американскиот долар во претпладневното тргување на берзата во Москва, рубљата зајакна за 1 отсто на 84,30 рубљи и се задржа близина во текот на тргувањето достигнатите 82,56 рубљи, колку што чинеше и на 25-ти февраури ден по почетокот на украинската војна. Рубљата зајакна и за 0,8 отсто на 93,36 рубљи за евро, откако накусо го достигна највисокото ниво од 90,73 рубљи од 23-ти февраури, ден пред почетокот на офанзивата.

Истовремено во средата курсот на доларот ослабе кон најважните светски валути на меѓународните пазари, а еврото зајакна по охрабрувањето на инвеститорите од придвижувањето во последниот круг од мировните преговори меѓу Русија и Украина.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиата кон другите шест најважни светски валути, околку пладнето накусо беше на околу 97,99 бодови, ослабодувајќи за 0,4 отсто во однос на затворањето на тругавањето ден претходно.

Курсот на еврото истовремено зајакна за 0,6 отст на 1,1150 долари, поттикнат од напредокот во руско-украинските мировни преговори, откако Москва вети дека драстично ќе ги намали воените операции околу Киев и на западот на земјата, а Киев предложи статус на неутрална држава со меѓународни безбедносни гаранции.

Британската фунта зајакна за 0,5 отсто кон доларот, на вредност од 1,3150 доларот. Американската валута ослабе и во однос јапонскиот јен, и тоа за 0,8 отсто во однос на крајот на претходниот трговскид ден на 121,87 јени, повлекувајќи се од највисоките нивоа од 2015 година од 125,105 јени кои ги допре во тргувањето во понеделникот.

Инвеститорите ги следата и вестите од американската централна банка Federal Reserve (Fed), која на седницата од 16-ти март ги подигна каматните стапки за 0,25 процентни поени, а се очекува да биде и поагресивна во заострувањето на монетарната политика од Европската централна банка (ECB), што ќе поттигне јакнење на доларот во однос на еврото.

Претседателот на филијалата на Fed во Филаделфија, Патрик Харкер, изјави во вторникот дека се залага за серија зголемувања на каматните стапки за по 0,25 процентни поени, но дека е отворен за можноста за поголеми зголеумувања, за по половина процентен поен, доколку инфалцијата наскоро не покаже знаци на ослабување.

Приносите на референтните 10-годишните американсите државни обврзници се движат на околу 2,3835 отсто, недалеку од највисоките нивоа од април 2019 година, од дури 2,557 отсто, колку што накусо ги досегнаа во понеделникот имајќи предвид дека трговците се позиционираат за рапидни зголемување на каматните стапки.

Но сѐ поголемиот јаз меѓу американските и јапонските приноси по 10-годишните државни обврзници предизвика остро слабеење на јенот. Во средата, меѓутоа, јенот успеа да надомести дел од загубите, со поддршката на јапонската централна банка (BoJ) која започна напори за да го задржи приносто на 10-годишните јапонски обврзници под 0,25 отсто, горната граница на распонот, нидејќи купување на овие обврзници во неограничени износи.

Јенот се одлепи од најниските нивоа во последните седум години во однос на доларот откако најновиот состанок на гувернерите на јапонската централната банка Харухика Куриде и премиерот Фумија Кишиде ги зајакна нагаѓањата на инвеститорите за можната непријатна позиција на фунцкионерите поради падот на курсот на јенот.

„Иако најновите изјави на јапонските функционери веројатно неам самите одсебе да го пресвртат трендот на слабеење на јенот, би тебало барем да помогнат да се забави неодманешното брзо темпо на продажби на јенот на што сведочевме последните неколку седмици“, напиша аналитичарот на MUFG, Ли Хардман во белешката за клиентите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.