Рубљата падна на најниско ниво во последните 8 месеци во однос на доларот и еврото

Руската рубља денеска падна на најниско ниво во однос на доларот од крајот на април, или од осум месеци, пренесе Ројтерс. Еден долар во почетокот на тргувањето се тргуваше за 72 рубљи, што е за 1,4 отсто помалку од вчера.

Рубљата изгуби повеќе од 15 отсто од својата вредност овој месец под притисок од стравувањата дека санкциите против руската нафта и гас ќе ги намалат приходите во руската економија.

Во однос на еврото, падот е сличен и во раната трговија денеска едно евро се тргуваше по 76,69 рубљи, исто така најниско ниво во последните осум месеци.

Рубљата продолжи да паѓа во однос на јуанот и достигна најниско ниво во последните седум месеци од 10,26 рубљи за јуан.