4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Ругање со Христос

Јас не сум стручен филмски критичар, ниту сакам да бидам, но штамата и буката, околу овој филм просто не ме оставаат рамнодушен. Чекав долго да прочитам издржана професионална филмска критика, но за жал, не прочитав таква која би ме задоволила во потполност. Се надевам храброста кај критичарите ќе се роди кога-тогаш, знам дека ова се сложени времиња и дека секој е внимателен, превнимателен. Ги разбирам.

Околу целиот амбиент за овој филм …

Јани Бојаџи се најде во ситуација да се занимава со политички активизам заради обидот да го цензурираат овој филм. Не им успеа, но делумно … Поради тоа на него се налепија куп партиски вошки кои ова го искористија да профитираат на дневна база. Едни да го критикуваат, други да го бранат. По стотици коментари од „напред Јани, не те даваме, и јас сум Јани“, до „Јани хејтер, националист“ од обични дронови кои филмови гледаат само ако има голи цицки и со српски превод симнати од Замунда од 700 мегабајти. Таквите станаа гласоговорници и бранители на се’ и сешто, па и на уметничката слобода. Секако дека секој и било кој, е добредојден да се брани интегритетот на уметничкиот израз, но носители треба да бидат филмски дејци, критичари, новинари, а нив… никаде ги нема. Дури и оние стручни анализи се’ повеќе да се смири нечија суета и совест и зујат како зелени муви околу лепешка колку да се рече дека ете, сепак имале некаков став. Филмот одамна го изгледав и чекав и чекав некаква рецензија, од било кој. Барем некој штур впечаток, она, после неколку те прокции барем: супер е филмот, ток, кисче, ОМГ, баш е кул или ништа не ваља, тотален даун …  Изгледа и тие што го гледаа аплаудираа ама ретко кој успеа да навлезе во филмот. А, напрaвен е така да тешко се појмува, иако мислиш дека на прва топка ти е јасен.

Субјективни впечатоци

Визуелно филмот е ретко убав, прекрасен и тоа не само за локални рамки, снимен во оние летни денови кога светлината ја има она златно-жолта тон и боја, за мене визуелно најубав период. Нема каубојски филм кој немал такви сцени искапени во сонце и таа топлина делува носталгично на некое ниво, оти растевме со вестерни, но бојата на филмот му дава еден раскошен изглед, око полно, преполно со бои. Кога на тоа ќе се додадат траорните приказни кои се во потполн контраст со визуелното, со тегобата и маката на ликовите и нивната внатрешна борба, филмот го остава гледачот во едно чудно чувство во кое не знае дали да го слуша умот, дали срцето или му треба линекс заради вознемирениот стомак.

Јани е мајстор, си поигрува со времето и просторот и понекогаш во оваа долга бркотница на минато и сегашност и нелинеарно раскажување, кај некои ќе предизивика збунетост. На крајот работите донекаде се разбиструваат, но сваќаш дека треба да се гледа уште еднаш. А филмот не е на редовен репертоар. Но дури и да е, потребен е ментален напор и да се изгледа, а ако сте дел од овие народи, чија историја се во филмот, потребно е и малку емоционално стабилизирање за да се перцепира секоја приказна во неа.

Овој филм беше забранет затоа што некој си министер, од некоја си националност, се навредил дека неговите екс соборци, кои они сега ги представуваат за праведници правеле грди рабоќе (намерно карикирам) и затоа да не се вреџале, барале да се забрани.

Глупоста е невидена и направена на невидено, затоа што насилствата се од реалани настани и не се ставени не во политичка конотација туку во аспект на приказната која раскажува лични емотивни трагедии кои ни се исповрзани на сите нас на балканите. Во филмот и македонците, покрај албанците, се прикажани со грди лица во постапките но и оправданијата за нив и тоа сериозно, без керефеки, но како час по умитеничка анатомијја на корените на насилството, кои досега не биле ставени под ваков „микроскоп“ како филмов што тоа го прави, ДНК на насилството како единствен начин на борба против него. Ова е литанија против војната и последиците и трагедиите кои ги носиме од неа. Филмски раскажно како живопис на насилството. Ми се врти и сцената од Анадлаузискиот Пес каде живиот човек ги влече мртвите предци и едвај се движи низ животот закачен за нив како тегобно наследство.

Да, мавровските работници се прикажани, но и егзекуцијата на невин стар албанец од страна на македонските безбедносни сили и застрелувањето на војниците на УЧК кои се предаваа. Па добро бре, Холивуд, Американците и филмската уметност направија врвни дела во самокритика на сопствениото однесување во војна „Full Metal Jacket“, „Platoon, Apocalpise Now“, се антивоени филмови. И овој е таков, филм кој прикажува и сакал или не, било кој да си, едноставно мора да почувствуваш внатрешна осуда за насилството, војната, можеби токму тука и лежел проблемот со овј филм?

Ма не, не се толку длабоки политичарите, виделе трејлер и стиснале panic button. Да го изгледале – ѕирнеле филмов, ќе му направеа проекција во собранието, ама нејсе. Јани пак покажа дека е тврд орев и не сака да чуе за компромис. Се плашам дека можеби требаше да ја одигра попаметно, ама тоа е веќе негова работа.

Просто ми е неверојатно како главната работа за овој филм не ја прочитав никаде и од никого, дека овој филм , на Sub Level, со филмски цитати и визуелни референци кои силно асоцираат, се „подбива“ со Пред Дождот. И тоа не само подбива, го тегне за уши Милчо и му врзува воспитни. Не знам дали и имал Јани навистина таква намера, ама знам дека филмските асоцијации никогаш не се случајни било да се со или без намера. Сепак, овој филм е далеку подлабок и посуштествен од Пред Дождот, со многу послоевита и посложена содржина. Да беше Пред Дождот, толку добар и да веруваше Милчо во него, како прошка и покајание никогаш немаше да го направи го направи контрапунктот на Before со DUST, еден од најдобрите македоснки филмови – евер. Прашина е за неколку класи подобар одошто неговиот првенец кој меџународнота го одобри и злоупотреби за се она што децениите потоа следеа. Како Лајбах на времето кога мислеејќи дека се прогресивни и антитоталитарни направија ремек дело од албум под наслов НАТО и помогнаа на Словенија на тој начин да се отцепи и стане дел од алијансата. Денес имаат колективна амнезија дека такво нешто направиле, нејсе. Политика и уметност, тоа е толку многу испреплетено и ако некој се крсти во потполна уметничка независност, дека е апсолутно деполитизиран – не му верувајте, инаку zoon politikon би била фарса.

Филмот на Јани е пред се уметничко дело, а полтиката, историјата се дел од авторско видување, не документрен филм и како таков треба да се гледа. Република Македонија никогаш подобро не потрошила пари од овие за Mocking of Christ и сите вие кои сте помогнале, потпишале, треба да се гордеете.

За некои актери

Грчката актерка Јоана Пилиху е ѕвездата на филмов. Секако она ја има главната улога, но ѕвезда е заради начинот на кој ја носи. Толку многу ликот и изразот и „лепат“ да не те остава рамнодушен на ниедна нејзина реченица, израз, гримаса, експресија. Какво откровение! Секое нејзино движење и боја во гласот во дијалозите, нарацијата, му даваат таков еден возвишен тон на целиот филм. Неверојатна класа, стил, глума, со тело, очи и глас. Малку претерувам, но ова е домашен филм, и за просечен македонски конзумент изкубаното покиснато чупе ни е врвот. Јоана би требало да добие секакви почести во оваа земја – вила во Маврово, Стан во Охрид, почесен член на МАНУ, орден за заслуги, ручек пастрмка во Трпејца, пасош и доживотно снабдена со домашен ајвар. Мислите што сакате, се согласиле или не, за мене сега е број 1 и се кажав без иронија. Мадам Пилиху по мене е европска актерка број еден, само од овој филм! Ќе морам да изгледам уште нешто од неа. Заебан карактер изнедри, мадафакерски!

Овој долг филм навистина даде доволно простор на плејада актери наши и од околината да можат да се изразат и да го покажат раскошниот талент само штуро би набројувал имиња колку некој да не се почувствува запоставен, но тоа треба да го прави некој професионален новинар, а не емотивец како мене.

Втората улога која ме запрепрасти, лик, и глума е живата легенда Јоана Поповска. Две Џоани го носат филмов, според мене. На тие години бабите ми едвај можеа да срочат збор, а камо ли реченица, а оваа жена толку остави силен впечаток кај мене што просто останав запрепастен од оваа ситна, исушена жена колку моќно го „извозе“ својот лик. Кога ја гледаш мислиш дека е натуршник, дека не глуми, дека Е таква. Спред мене тоа Е актер од врвна класа, кралица!

Им се поклонувам на сите актери и простете ми што посебно нема да ве редам, вас ве реди историјата бидеејќи сте дел од навистина исклуително нешто, филм кој предизвика бура, остави многу збунети и недоречени работи кои просто плачат за дебати и округли маси. Но, овој филм не е странска нарачка и ќе мине само по својата инерција, некој некаде и ќе го препознае, дали и вие, ваше е, нивно е.

Музиката

Ах и Готра како и Јани се вртат кон Пред Дождот, секој од свои причини. Горан преку филмов испрати многу пораки, тешки и чемерни но кои за разлика од “кишовитиот” по инерцијата мислевме дека совршено одговараат на приказната, тоа никогаш не било така. Низ својата кариера Горан секогаш беше воздржан за коментирање на тој дел за филмот и музиката, иако знае самиот колку многу му помогна во градење на светска и култна репутација, сосема заслужено. Но длабоко во себе како да чувствуваше дека е злоупотребен и затоа овој филм на Јани му дојде како искупување, пејбектајм, негова Прашина и направи музика која го издига општото ниво од просечен македонски саундтрак на ниво на звучен проект, концепт кој и тоа како може да живее независно. Јани знаеше дека си има работа со некој кој е во класа на Ханс Цимер и претпоставувам дека му дал потплна слобода, за возврат доби музика каква ректо може да се сретне воопшто во филсмкиот свет. Универзална која надминува и религии и култури и цивилизации, како ОМ од небо, исон кој секој ќе го слушне, но нема секој да го чуе. Во процес сум на преслушување на саундтракот кој наскоро ќе биде објавен и ќе следи уште една, засебна, нестручна, бурекџиска критика и анализа само за „глазбата“.

Mocking of Christ e филм кој мора да биде ставен на редовен репeртоар за наше добро, срамно е да се претпоставува дека заради безбедносен ризик не го ставаат. Жално!

Конторверзите од ваков вид некој би платил да ги има, Јани батали протести, гледај букава од филмов да ги заинтересира сите можни фестивали и да се прикаже секаде низ светов, каде ќе се укаже и најмала прилика.

Да, филмов има вградено во себе невидлива хомеопатска содржина од драчевски кромид, сув и ептен лут кој кога се сецка за скара, зрачи, пржи и пече и на моменти не се додржува додека го гледаш. Напати ме размрсулави, ама тоа сум јас. Ми треба блуреј копија, какви дв какви бакрачи, хд или ухд копија, ова не се гледа во несоодветни услови и опрема ако сакаш да го доживееш како што треба, барем 42” HD.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес