Рухани: Војната со Иран е мајка на сите војни

Војната со Иран е мајката на сите војни, порача во вторникот иранскиот претседател Хасан Рухани, уште еднаш предупредувајќи дека дека минувањето на танкерите низ Ормутскиот теснец можеби нема да биде безбеден доколку продолжат американските притисоци врз неговата земја.

Стравувањата од нова војна на Блискиот исток со глобални последици се зголеми откако САД во мај минатата година се повлекоа од нуклеарниот договор кој Иран во 2015 година го склучи со шесте светски сили и повторно воведоа санкации. Техеран на ова одговори со суспендирање на дел од своите обврски од договорот за намалување на својата нуклеарна програма, а последните месеци во водите на Персискиот залив е зголемо военот присуство и зачестија инциденти со нафтени танкери за кои меѓусебно се обвинуваат САД и Иран.

„Мирот со Иран е мајката на сите мирови, војната со Иран е мајката на сите војни“, рече Рухани во говорот во министерството за надворешни работи во кој го поддржа шефот на дипломатијата Мохамад Џавад Зариф против кој САД воведоа санкции од 31-ви јули.

„Доколку САД сакаат прегвоори со Иран, тогаш мора да ги укинат сите санкции“ додаде Рухани, истакнувајќи дека на Иран мора да му се овозможи да извезива нафта, што е главниот извор на приходи за оваа земја.

Минатиот месец Иранската револуционерна гарда го заплени британскиот танкер „ Stena Impero“ во близина на Ормутскиот теснец, поради кршење на поморските права, што беше одговори на британското заплнување кај Гибралтар на на иранскиот супертанкер „Grace-1“, поради наводно превезување на нафта од или за Сирија, која е под санкции.

„Преминот е премин. Не може Ормутскиот теснец да биде слободен за вас, а Гибралтар да е неслободен за нас“, истакна Рухани.

Околу петтина од вкупниот обем на транспорт на нафтан во светот се одвива нз стратешкио Ормутски теснец, меѓу Иран и Оман.

Иранската револуционерна гарда во неделата заплени ирачки танкер со образложение дека криумчарел нафта. Официјален Багдад во понеделникот објави дека ирачката држава не е поврзана со споменатиот танкер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.