Рула Калаф го презема кормилото на „Фајненшал Тајмс“

Рула Калаф во јануари ќе го замени досегашниот уредник на „Фајненшал тајмс“, Лионел Барбер, со што ќе стане првата жена која го предводи овој британскиот весник кој се печати 131 година. Барбер се повлекува од функцијата уредник на „ФТ“ по 14 години, а за време на неговиот мандат „ФТ“ беше продаден на „Никеј“ во јули 2015 година, јапонски медиумски магнат кој има шест деловни и финансиски медиуми во своето портфолио, а дел од групацијата се и „ТВ Токио“ и „Никеј ЦНБЦ“.

За време на неговиот мандат, претплатата преку Интернет беше многу успешна и тој ја заштити групата во многу бурни времиња во која беше зафатена индустријата на весници. „ФТ“ го премина прагот од еден милион претплатници во 2019 година, при што дигиталните претплатници сочинуваат повеќе од 75 проценти од изданијата.