(ВИДЕО) Радев: Немаме друг излез од блокадата на државата освен оставка на Владата во случај на губење на доверба

Во овој историски момент, бугарскиот Парламент треба да биде на висина на очекувањата на јавноста и да спречи земјата да влезе во хаос, немири и беззаконие, изјави бугарскиот претседател Румен Радев во денешното обраќање во Националното собрание.

Тој истакна дека Бугарите се за итна и безусловна оставка на Владата.

– Немаме друг излез од блокадата на државата освен мирна, нормален политички чин на оставка во случај на губење на довербата, рече шефот на бугарската држава.

Пред почетокот на неговата изјава, пратениците на ГЕРБ, Обединетите патриоти и Волја ја напуштија собраниската сала.

– Бегството нема да ве спаси од срам. Со тоа, докажувате дека вистинскиот Парламент е надвор, рече тој.

Според него, ова заминување е показател на недостиг на дијалог.

Во Бугарија веќе два месеци се организираат протести против Владата на Бојко Борисов на кои се бара негова оставка.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.