Румениге: ПСЖ не го почитува Финансискиот Фер-Плеј и заслужува казна

48

Извршниот директор на германскиот бундеслигаш Баерн (М), Карл-Хаинц Румениге, јавно ги праша челниците на УЕФА дали ќе преземат некоја конкретна мерка против сопствениците на најбогатиот клуб во Франција, ПСЖ, поради непочитување на Финансискиот Фер-Плеј.

„Не можам да ја замислам таа ситуација како челниците ан ПСЖ се жалат поради Финансискиот Фер-Плеј. Сите знаеме за парите кои пристигнуваат од Катар. Свесни сме дека ПСЖ троши околу 200 мил. евра во една сезона. Се надевам дека претседателот на УЕФА, Мишел Платини ќе донесе некоја конкретна одлука или мерка. Се надевам дека ќе покаже знаци на сериозност. Секој клуб кој нема да го почитува ова правило ќе мора скапо да ја плати таквата одлука. Ова е најважниот момент во историјата на УЕФА. Сите клубови добија шанса во изминатите три сезони да ги израмнат своите сметки. Не сакам некој богат сопственик од Саудиска Арабија или од Русија да го има последниот збор кога е во прашање пехарот во Лигата на шампиони. Знам дека вака размислува и Платини. Германските клубови го почитуваат ова правило, а германските клубови ќе имаат голем проблем со зачувувањето на своите фудбалери ако останатите клубови од Европа не го почитуваат Финансискиот Фер-Плеј”, изјави Румениге.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.