Илјадници луѓе од целиот свет, меѓу кои и Џенифер Анистон, стиснаа „лајк“ на најновата објава на 33-годишната актерка Румер Вилис, попозната како најстарата ќерка на Деми Мур и Брус Вилис.
Румер објави фотографија на Инстаграм на која е снимен момент на нежност и поврзаност меѓу неа и нејзиниот славен татко, 67-годишниот холивудски актер Брус Вилис, кој ја бакнува во чело.
Румер, исто како и нејзините помали сестри Скаут и Талула, беше многу погодена од фактот што нивниот татко е тешко болен и нема да излезе како победник од оваа здравствена битка. Откако му беше дијагностицирана афазија, Брус Вилис донесе тешка одлука да се пензионира, збогувајќи се со Холивуд и работата што ја обожаваше.