Руни: Ако го имавме Гвардиола ќе освоевме све

12

Вејн Руни својата репрезентативна кариера ја заврши без ниту еден трофеј иако одигра 120 натпревари и настапи на неколку европски и светски првенства.

Напаѓачот жали што таа негова генерација не го искористила својот потенцијал или поточно верува дека ситуацијата ќе била сосема спротивна ако ги предводел сегашниот тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

-Ја гледам (Англија) со возбуда и среќа кога победуваат. Погледнете го нашиот тим пред 10 години, ние веројатно ја имавме најдобрата група на играчи во светскиот фудбал. Фердинанд, Тери, Кол, Џерард, Лампард, Бекам, јас, Овен-ако го имавме Гвардиола со таа група дефинитивно се ќе освоевме, не се сомневам во тоа, -вели Руни кој со 53 гола е најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.