Руни бара трпение од фановите на Манчестер Јунајтед

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, повторно ги замоли најверните фанови да имаат трпение и да сватат дека клубот поминува низ еден период на транзиција, а истиот би требало да заврши пред почетокот на новата клупска сезона.

„Што да кажам за атмосферата? Нашите фанови беа фантастични и на дуелот против Манчестер Сити. Ние, како тим, имаме потреба од силни фанови, од фанови кои имаат трпение, кои ќе не сватат дека има големи промени во клубот. Ние како тим, мораме под итно да се вратиме на победничката патека, да им дадеме причина на радост, да имаат причина за навивање. Повторно одигравме под очекуваното ниво и не заслужвме да славиме на овој натпревар. Не создадовме доволен број на шанси, не бевме доволно сконцентрирани. Поради нас, поради најверните фанови, Манчестер Јунајтед мора да почне да победува, мора да бидеме сплотени”, изјави Руни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.