Руни пак во „Јунајтед“, ама од Вашингтон

Легендата на англискиот фудбал, Вејн Руни е нов играч на „ДЦ Јунајтед“ од Вашингтон и по 15 години поминати во Премиер лигата ќе ја напушти Англија. Договорот со клубот од американската МЛС лига е потпишан денеска, но Руни од 10 јули официјално ќе стане член на „ДЦ Јунајтед“, кога ќе биде отворен преодниот рок во американското првенство.

Американците за него платија десет милиони фунти и со тоа Руни е најскап клуб во историјата на клубот. Своето деби за новиот тим, англискиот интернационалец ќе го забележи на 14 јули кога тимот од Вашингтон го пречекува „Ванкувер“.

Руни си заминува од Премиер лигата како втор стрелец во историјата со 208 гола. На првото место е Алан Ширер со 260. Руни минатата година го напушти „Манчестер Јунајтед“ и се врати во „Евертон“, каде ја почна, па се сметаше и дека ќе ја заврши кариерата.

Заминувањето во Америка и МЛС лигата за мене претставува голм предизвик. Гладен сум за успеси и се надевам дека ќе му помогнам на тимот да ги оствари целите до крајот на сезоната, порача Руни.