Руни се враќа на Островот

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, потпиша 18-месечен договор со екипата на Дерби Каунти. Тој во новата средина ќе ја има улогата на играч-тренер, а неговиот договор ќе започне во јануари 2020 година, пренесуваат британските медиуми.

Сопственикот на клубот, Мел Морис, потврди дека во последните денови од трансфер рокот клубот разговарал со поранешниот напаѓач на „Црвените ѓаволи“ околу неговиот можен трансфер во клубот.

Откако слушнавме дека сака да се врати во Велика Британија, решивме веднаш да стапиме во контакт со него. Се додека не го официјалиираме овој трансфер не можеме да кажеме дека со сигурност Руни е наш играч, изјави Морис.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.