Руни спречи контра, па асистираше за победа на „ДЦ Јунајтед“

185

Англиската легенда Вејн Руни доживува втора младост и не престанува да ја воодушевува американската публика со своите игри во дресот на „ДЦ Јунајтед“, но не само со својата игра, туку и борбеноста и залагањето. Руни вчера имаше две асистенции и два фантастични потези со кои им донесе победа против Орландо 3:2 во натпреварот од МЛС лигата.

Неговата втора асистенција предизвика делириум на трибините.

Во судиското продолжение, при резултат 2:2, при удар од аголот голманот на „Јунајтед“ отиде во противничкиот шеснаесетник и ја остави неговата мрежа празна. Дефанзивците на „Орландо“ ја расчистија топката од шеснаесетникот и Џонсон повлече контра со намера да го погоди празниот гол на противникот.

Но, на сцена стапи Руни, кој со фантастилен спринт успеа да го стигне Џонсон и да му ја одземе топката, а потоа да се врати на противничката половина и да упати совршен центаршут кон противничкиот шеснаесетник кој го погоди во глава Акоста, кој го постави конечниот резултат. Со победата „ДЦ Јунајтед“ истанува во игра за плеј-офот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.