Руни заминува во ДиСи Јунајтед

Поранешниот напаѓач на англиската фудбалска селекција, 32-годишниот Вејн Руни, го напушта премиерлигашот Евертон и, според се’ судејќи, кариерата ќе ја продолжи во редовите на американскиот прволигаш ДиСи Јунајтед.

Поранешниот прв стрелец на манчестерските „Црвени ѓаволи“ за клубот од Вашингтон би требало да потпише договор до јули 2020 година за сума од 14 милиони евра.

ДиСи Јунјатед се обиде да ги ангажира Робин ван Перси, Хавиер Ернандез, Карлос Тевез и Марио Балотели, но тие ја одбија понудата на американскиот клуб. Последен попознат играч кој играше за ДиСи беше Аргентинецот Марсело Гаљардо во 2008 година.

Руни во јули 2017 година по 13 години од Манчестер јунајтед се врати во ливерпулски Евертон, клубот во кој ја започна фудбалската кариера. Во вториот почеток на „Гудисон Парк“ постигна 11 голови и три асистенции во 40 настапи во сите натпреварувања.