Русија ја доврши раната фаза од испитувањето на втората потенцијална вакцина против Covid-19

Сибирскиот Институт за вирологја „Вектор“ во вторникот ја довршил раната фаза од испитувањето на втората руска потенцијална вакцина против Covid-19, позната како фаза II, соопшти руската агенција за заштита на потрошувачите Роспотребнадзор.

Русија во август ја рагистираше својата прва вакцина за коронавируост која ја разви московскиот Институт „Гамалеја“, откако ги доврши почетните клинички испитувања на луѓето. Последната даза од испитувањата, со којашто се опфатени 40.000 волонетри, започна минатата седмица.

Испитувањето на втората руска потенцијална вакцина на луѓето започнала на 27-ми јули и вклучувала 100 волонтери.

„Денеска финалната група од 20 волонтери се пуштени од болница. Сите сто волонтери се цакцинирани со две дози и завршен е контролниот период од 23 дена во болница. Волонтерите се чувстуваат добро“, соопшти агенцијата за заштите на потршошувачите.

Резултатите би требало да бидат познати до 30-ти септември.