Русија ја евакуирала амбасадата во Киев, се подготвуваат и за лошо сценарио

Русија евакуирала 18 лица, главно жени и деца, од својата амбасада во Киев уште на 5 јануари, а дополнителни 30 лица заминале две недели подоцна од двата други конзулати во Одеса и Харков, тврди ЊујоркТајмс, повикувајќи се на извори од Украина. Додека ова наликува на првото нешто кое една земја би го направила пред да влезе во војна, руското МНР ги негира информациите велејќи дека „руската амбасада во Киев работи нормално“, пишува РусијаДенес.

Овие обвинувања доаѓаат во време кога западните земји ја обвинуваат Москва за трупање трупи на границата со Украина, наводно со намера да ја нападне земјата во наредните недели и месеци – намера која Кремљ постојано ја отфрла во јавноста.

Минатата недела, Си-Ен-Ен тврдеше дека „група оперативци“ обучени за урбана војна и употреба на експлозиви биле испратени да „извршат акти на саботажа против сопствените сили на Русија“ за да создадат изговор за воена интервенција во Украина. Со други зборови, Русија може самата да се нападне себеси, за да има оправдување за идната окупација.

– Русија ги поставува основите за да има можност да создаде изговор за окупација, вклучително и преку диверзантски активности и информативни операции, обвинувајќи ја Украина дека подготвува неизбежен напад против руските сили во источна Украина – неодамна изјави Џејк Салива, американскиот советник за национална безбедност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.