Русија ја обвини украинската војска за напад врз конвој со бегалци, има жртви

Во близина на североисточниот украински град Харков, силите под контрола на владата во Киев отвориле оган врз конвој со бегалци при што загинале четири лица, тврдеше ноќта кон четвртокот началникот на рускиот Национален центар за управување со одбраната, генерал-полковникот Михаил Мизинцев.

„Денеска (среда) од правец на Харков уште еднаш беше стрелано врз автобуски конвој со бегалци кој се движеше по хуманитарниот коридор кон Русија. Како резултат на тоа четири лица загинаа, а има и ранети“, рече Мизинцев.

Порача дека украинската страна мора строго да се придржува до условите за да се осигури безбедноста на хуманитарните коридори во сите правци.

Мизинцев додаде дека поради евакуацијата од хумани принципи за цивилите кои насилно ги држат украинските националисти во блокираните населени места, руската страна од средата 16-ти март го почитува „режмот на тишина“ (прекин на борените дејствија) на хуманитарните коридори во областите на Киев, Запорожје, Житомир, Суми, Харков и Полтава кои претходно ги предложила украинската страна.

Мизинцев повтори дека украинската војска во која се вклучени ултранационалистичките паравоени формации не им дозволува на цивилите да ги напуштат градовите доколку тие изјават дека сакаат да заминат преку коридорите кои водат кон Русија или кон териториите кои ги контролираат милициите на самопрогласените проруски републики во Донецк и Луганск.

„Тоа постојано се потврдува со објективно набљудување на ситуацијата на теренот, како и со употреба на беспилотните летала. Неонацистите од националистичките баталјони не пуштаат никого да излезе преку хуманитарните коридори отворени кон Русија, заканувајќи се со насилсто, а безмилосно се пука по оние коишто сепак ќе успеат да се пробијат“, додаде Мизинцев.