Русија ја повика САД да се воздржи од натамошни напади на СЗО

Москва го повикува Вашингтон да се воздржи од понатамошни напади на Светската здравствена организација (СЗО), по одлуката на САД да запрат со финансирање на таа агенција на ОН, изјави заменикот министер за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.

Тој нагласи дека СЗО е целосно во согласност со својата повелба и дека ја почитуваат владите на повеќето земји, како и научници, лекари и епидемиолози.

– Ги повикуваме САД да се воздржат од понатамошни напади на СЗО и да водат одговорна политика што нема да ја поткопува основата на меѓународната соработка во областа на медицината, рече Рјабков.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.