Русија ја поздрави најавата на САД за продолжување на нуклеарниот договор

Кремљ во петокот ја поздрави подготвеноста на САД да го продолжи новиот договор за ограничувања на резервите од нуклеарно вооружување познат како START-, но предупреди дека успехот ќе „зависи од деталите“.

Договорот за намалување на стратешкото вооружување (Strategic Arms Reduction Treaty – START-3), со кој се воспоставува контрола над резервите на таквото оружје и се овозможуваат инспекции, стапи на сила во 2011 година а истекува на 5-ти февраури 2021 година.

Новата администрација на американскиот претседател Џо Бајден поретходно седмицава, но сѐ уште не официјално, навести дека ќе предложи продолжување на договорот за уште пет години.

„Русија е за зачувување на новиот договор START и за продолжување на овој доовор за да се добие време за разговори и контакти. Можеме само да ја поздравиме политичката волја за пдоролжувањето на овој документ“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Меѓутоа, додаде дека „сѐ ќе зависи од поединостите на тој предлог, кој допрва треба да се проучи“.

Американскиот предлог претходно ја добви поддршката до другите делово од руската политичка елита. Дипломатот Михаил Улјанов го нарече потегот на администрацијата на Бајден „охрабрувачки чекор“.

„Продолжувањето (на договорот) на двете страни ќе им даде повеќе време да ги разгледаат можните дополнителни мерки насочени на јакнењето на стратешката стабилност и глобалната безнедност“, напиша на Twitter Улјанов, кој ја претставува Русија во меѓународните нуклеарни агеции чии седишта се во Виена.

Русија и претходно неколкупати предлагаше продолжување на договорот, меѓутоа заземајќи се да нема промени во веќе постојниот документ.

„Веќе сме во дијалог. Очекуваме конкретни предлози“, изјави Леонид Слузки, претедател на Комисијата за надворешни односи во руската Дума.

Двете земји контролираат околу 90 отсто од светските резерви на нуклеарно вооружување. Договорот START-3 ги играничува двете суперсили на 1.550 нуклеарни боеви глави подготвени за лансирање и по 800 лансирни системи.

Администрацијата на претходниот американски претседател Доналд Трамп преговараше по истото прашање со Русија, но не успеа да постигне договор. Во прв ред, поради сомневањата на Трамп дека Москва е во значителна предност во овој поглед, како и неговото инсистирање на договорот да се приклучи и Кина, којашто одбиваше тврдејќи дека нејзините резерви од вакво вооружување се недостожно во моментов многу помали отколку на двете земји.