Русија ја предупреди Турција за напади против сириските безбедносни сили

77

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков му одговори на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој изрази незадоволство од преговорите со Русија и изјави дека неговата земја е подготвена за нова акција во Сирија, истакнувајќи дека Москва, исто така, е незадоволна од нападите на терористите врз сириските сили и руски воени објекти во Идлиб.

Песков изјави дека Русија била задоволна од постигнатиот договор пред повеќе од една година во Сочи, меѓутоа тоа исчезнало откако терористички групи извршиле напади врз сириските сили и руски воени објекти.

– Задоволството беше взаемно, меѓутоа нашето задоволство исчезна откако терористички групи започнаа напади во идлиб, нагласи портпаролот на Кремљ.

Тој оцени дека турска воена операција во идлиб е најлошо можно сценарио за развој на ситуацијата.

– Ако станува збор за операција против терористите во Идлиб, тогаш тоа е согласно договорите од Сочи, имајќи предвид дека тие моментно имаат многу силно вооружување. Меѓутоа ако станува збор за операција против легитимните власти, тогаш тоа ќе биде најлошото можно сценарио, предупреди Песков.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.