Русија ја претстави вакцината во ОН, Путин објави масовно вакцинирање

Рускатата дипломатска мисија при Обединетите нации и на руското министерство за здравство ја презентираа вакцината против коронавирусот „Спутник V“ во рамките на специјалното заседание на Генералното собрание на светската организација, а истовемено рускиот претседател Владимир Путин им порача на здравствените власта да започнат со масовната вакцинација со препаратот „Спутник V“ откако во средата беа забележани рекордни 589 смртни исходи поврзани со Covid-19.

Русија следните неколку дена ќе произведе два милиона дози од вакцината со кои ќе бидат опфатени во прв ред лекарите и наставниците, соопшти Путин. Минатиот месец Русија објави дека врз основа на нејзините прелиминарни резулатати, вакцината „Спутник V“ има ефикасност и над 95 отсто.

„Тоа ни дава можност да започнеме, ако не масовна, тогаш вакцинација од големи размери“, рече рускиот челник, кој потенцираше дека вакцинацијата ќе започне со „првите две ризични групи, лекарите и наставниците“.

„Ако мислите дека се сме се приближиле до таков чекор, би ве замолил да ја организирате работата на такови начин што на крајот од следната седмица веќе ќе ја започнеме оваа вакцинација од големи размерни“, рече Путин во текот на видеоконференцијата обраќајќи ѝ се на вицепремиерката Татјана Голикова во текот на видеоконференцијата

Путин ги уверуваше соговорниците дека ја сфаќа претпазливоста со која вицепремиерката зборува за можни датуми за почетокот на масовното вакцинирање.

„Мораме да останеме претпазливи, сето тоа е исправно, но знам дека генерално и индустријата и (медицинската) мрежа, се подготвени да за ова. Да го направиме овој прв чекор“, рече Путин додавајќи дека следната седмица ќе го чека следниот извештај на Голикова за подготовката за вакцинацијата.

 

„Спутник V“ меѓу главните кандидати

Истовремено на виртуелниот настан во ОН под наслов „Спутник V: вакцина против Covid-19“, учесниците дискутираа за тестирањето на прапаратот кој го изготви московскиот научен институт „Гамалеј“ и кој прв во светот кон средината на август го одби одобрувањето од рускиоте регулатор и пред конечното завршување на третата финална фаза од испитувањето. Се дискутираше и за цената, за количеството кои ќе може да бидат произведени, како и за соработката со странските партнери.

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко истакна дека повеќе од 40.000 луѓе учествувале во пост-регистрациските испитуваа. Посочи дека тие се спроведуваат во Русија, Белорусија, Индија, Обединетите Арапски Емирати и Венецуела, а покрај тоа се водат преговори и за некои земји кои пројавиле интерес за испитувања, меѓу кои е и Бразил.

„Во овој момент (вакцината) е меѓу главните кандидати за вакцина, кој се приближува кон крајот на клиничките испитувања и почетокот на масовното производство“, рече Мурашко додавајќи дека „Спутник Ц“ покажала „моќен имунолошки одговор и одговор на антитела“.

Рускиот министер за здравство рече и дека клиничките испитувања на препаратот сѐ уште траат, но посочи дека повеќе од 100.000 Руси од ризичните групи се веќе вакцинирани без поголеми нуспојави од вообичаените.

 

Производството на руската вакцина

Како што рече Мурашко, веќе започнала испораката на „Спутник V“ во сите руски региони со цел во најскора иднина да зпочне масовна кампања на вакцинација. Министерот додаде дека Русија планира да го зголеми производството на препаратот за вакцинирање во земјта и воопшто низ целиот свет.

Според Кирил Дмитриев, челникот на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ) кој задно со институтот „Гамалеј“ учествуваше во развојот на оваа вакцина, информираше дека Фондот вече поднел барање за одобрување на „Спутник V“ и соработува со регулаторите на 40 земји.

„Сметам дека е многу важно овие одлуки да не бидат донесени од политички причини“, алудурајќи на отворената кампања на Западот од каде постојано се имплицираат сомневања во ефикасноста на вакцината произведена во Русија, којашто регистрираше во меѓувреме уште два вакви препарати против Covid-19.

Истакна и дека е важно државите да ги имаат портфолијата за различни вакцини. Притоа, Дмитриев информираше дека до март обемот на произведството во странство ќе изнесува најмалку 40 милиони дози во месецот.

„Очекуваме многу поголем обем, но оваа е нашата моментална прогноза“, додаде директорот на РФПИ.

Вети дека кога руските производители ќе ја исполнат побарувачката на домашниот пазар, ќе бидат разгледувано и прашањето за извоз. Според него, повеќе од 50 земји во светот имаат направено веќе преднарачки за над 1,2 милијарди дози од „Спутник V“.

 

За цената

„Нашата вакцина ќе чини помалку од 10 американски долари по доза, што е многу поевтино од вакцините создадени на технологијата mRNK (Спутник V е вакцина која е развиена веќе познатата платформа на аденовирус кај луѓето). Фокусирани сме да ја направиме оваа вакцина достапна за целиот свет, и таа ќе се продава во сите земји по иста цена“, рече Дмитриев.

Објавената цена е пониска од американско-германската вакцина на „Pfizer/BioNTech“ која чини 15,5 евра по една доза, а исто така, вклучува две, но засега е поскапа од првичната цена којашто ја соопшто британско-шведскиот конзорциум „AstraZeneka“, која првично објави дека нејзината вакцина ќе чини по 2,5 евра по доза, а на „Moderna“ пак е најскаpa и чини 33 долари. Сите главни кандидати за вакцина, инаку, се даваат во две дози.