Русија ја регистрираше првата назална вакцина против Covd-19 во светот

Руското министерство за здравство ја регистрираше прата назална вакцина во светот за превенција од зараза со коронавирусот, соопштија во петокот попладнето.

Кон средината на октомври минатата 2021 година руското министерство за здравство го одобри кличничкото испитување на вакцината со експериментална ознака „SPRAY 08-Гам-КОВИД-Вак-2021“, развиена од московскиот институт „Гамалеа“. Како што истакна тогаш директорот Александр Гинцбург не се забележани несакани ефекти од примената на назалниот препарат.

„Министерството за здравство на Русија ја регистрираше назалната форма на вакцината Гам-КОВИД-Вак (попозната како Спутник V) за спречување на нова коронавирусна инфекција, разработена од Националниот истражувачки центар за епидемиотлогија и микробиологија Гамалеа при руското министерство за здравство“, се наведува во соопштението кое го цитире новинската агенција РИА:

Препаратот, како и Спутник V, се состои од две компонентни и се инјектира со специјална прскалка во носната шуплина во интервал од три седмици. Формира мукозен имунитет против инфекција со коронаворусот SARS-CoV-2 на површината на слузницата на респираторниот тракт, како и хуморален и клеточен имунитет во крвта.

„Во оваа фаза, употребата на вакцината е дозволена во условите во коишто медицинските институции ја вршат вакцинацијата на лицата на возраст од 18 година и повозрасни“, се додава во соопштението.

Уште во февраури 2021 година, кога беше најавено разработувањето на оваа назална вакцина, беше порачано дека пациентите нема да можат сами да ја користат, без оглед на тоа што неговата употреба е едноставна. Само медицински професионалец ќе може да го вбризга. Оваа верзија на вакцината формира локален имунитет, како и дека таа е помалку ефикасна, но е побезбедна. Овој лек ќе биде погоден за оние луѓе за кои не е препорачливо да примат ги вообичаените форми на вакцините.