Русија ја регистрираше првата светска вакцина против корона за животни

Русија ја регистрираше првата вакцина против коронавирус за животни во светот, објави управата за безбедносни контроли во земјоделството Роселкхознадзор.

Русија веќе има три вакцини против коронавирусот за луѓе, од кои најпозната е Спутник V. Москва исто така итно одобри уште две вакцини, Епиваккорона и Ковивак.

Вакцината за животни, која ја развила единица на Роселкхознадзор, е наречена Карнивак-Ков.

„Клиничките истражувања на Карнивак-Ков, кои започнаа минатиот октомври, вклучуваа кучиња, мачки, арктички лисици, нутрии, лисици и други животни“, вели заменик шефот на управата, Константин Савенков.

„Резултатите од истражувањата нѝ овозможија заклучок дека вакцината е безопасна и дека дава висока заштита, бидејќи сите вакцинирани животни развиле антитела на коронавирусот во 100 отсто од случаите“.

Имунитетот трае шест месеци по вакцинирањето, но творците на вакцината продолжуваат да го анализираат тоа.

Масовното производство на вакцината би можело да започне веќе во април, додаваат од Роселкхозназдор.