Русија ја регистрираше првата вакцина во светот против коронавирусот

Рускиот претседател Владимир Путин објави во вторникот дека Русија ја регистрирала првата вакцина против коронавирусот.

„Утрово за првпат во светот е регистрирана вакцина против коронавирусот“, рекол  Путин на средбата со членовите на Владата.

„Колку што ми е познато, утрово првпат во светот е регистриран вајцина против новата коронавирусна инфекција“, изјави Путин.

Притоа побарал од министерот за здравство Михаил Мурашко подробно да информира за тоа.

„Знам дека делува доста ефикасно, формира стабилен имунитет и, повторувам, ги мина сите потребни проверки“, истакнал рускиот претседател,

Првата светска вакција протиов Covid-19, којашто ја разви московскиот институт „Гамалеја“, го доби одобрувањето од министерството за здравство. Вакцината го доби одобрувањето по помалку од два месеца тестирање на луѓе, додаде претседателот Путин.

Центарот „Гамалеја“ спроведе клинички испитувања на вакцината заедно со Министерството за одбрана на доброволци во воена болница, од која на 20-ти јули беше отпуштена втората група од 20 волонтери. Министерството за одбрана истакна дека резултатите од испитувањата „недвосмислено покажуваат развој на имунолошки одговор кај сите волонтери, нема нуспојави, компликации или незакани реакции, и кај нив не се откриени здравствени проблеми“.

Со тоа се создава можност за масовно вакцинирање, иако продолжува финалната фаза од клиничките испитувања со коишто требада да се потвди безбедноста и ефикасноста,.

Брзината со којашто се движи Русија во производството на вакцината ја покажува решителноста на оваа земја да победи во глобалната трка за ефикасен препарта, коментира агенцијата Reuters.

Меѓутоа, на Западот се скептични и изразуваат „стравувања“ дека Русија би можела „да го стави престижот на земјата“ пред науката и безбедноста“.

Рускиот претседател изрази надеж дека со време ќе се појават повеќе вакцини против коронавирусот.

Масовното производство на вакцината против коронавирусот регистритана во Русија трба да започне во блиска иднина, додека вакцинацијата ќе биде доброволна, појасни Путин. Според него, неопходно е секој што сака да може да ја добие вакцината. Истовремено рускиот претедател истакна дека „тоа, се разбира, мора да биде исклучиво доброволно“.

„Запознает сум дека работата на вакцини од ваков вид во Русија продолжува и во други институции. На сите стручњаци им пожелувам успех. Треба да им бидеме благодарни на оние кои го направија овој прв чекор“, додаде Путин истакнувајќи дека станува збор за важен напредок и за Русија и за целиот свет.