Русија до 15 октомври планира да ја регистрира втората вакцина протвив Ковид-19

Русија планира да ја регистрира својата втора вакцина против Ковид-19 до 15 октомври, објави во вторникот руската агенција Тасс.

Според наодите на РИА Новости, производителот на втората московска вакцина против коронавирус планира да вклучи приближно 5.000 луѓе во испитувањето по регистрацијата.

Кремљ во август објави дека Русија стана првата земја во светот што регистрирала вакцина против коронавирус, додека нејзината прва употреба влезе во оптек во втората недела од септември.

Шефот на руската санитарна служба, Ана Попова, пред една недела потврди дека експертите во земјата во моментов работат на 26 различни вакцини против Ковид-19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.