Руското министерство за одбрана соопшти во саботата дека руските војски во Украина до полноќ ќе се придржуваат до еднострано прогласениот прекин на огнот поради Божик, кој го отфрли Киев чиј министер за одбрана во телевизиско интервју рече дека украинските војници во војната со Русија исполнува мисија на НАТО.
Во редовниот дневен брифинг руското Министерство за одбрана наведува дека руските единици само возвраќале на артилерискиот оган кога врз нив стрелале украинските сили.
Москва таксативно наведе дека од петокот напладне откако беше прогласен божикниот прекин на огнот украинските сили повеќе од 170 пати истрелала ракетни проектили врз позициите на руските единици, но и врз цивилни населби.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот по повикот на патријархот московски и серуски Кирил и нареди руската војска да го почитува прекинот на огнот „по должина на целата линија на контактот меѓу страните во Украина“ од 12 часот на 6-ти до 24 часот на 7-ми на јануари, за да можат луѓето да присуствуваат на Божикните литургии.
Украина и нејзините западни сојузници ја отфрлија понудат за најдолгиот прекин на огнот од почетокот на руската инвазија кон крајот на ланскиот февруари, тврдејќи дека наводно станува збор за трик со кој Русија сака да добие во време за да испрати засилување и опрема на источното боиште.
Во меѓувреме, во телевизиското интервју емитувано во петокот ноќта на украинскиот телевизиски канал „1+1“, министерот за одбрана Олексиј Резников, меѓу другото, рече дека украинските војници извршуваат мисија на НАТО, учествувајќи во борбите против Русија.
„Ние денес ја извршуваме мисијата на НАТО. Тие не ја пролеваат нивната крв, ние ја пролеваме нашата, затоа од нив се бара да испорачуваат оружје“, рече Резников.
Истакнува дека западните политичари постојано го потсетуваат Киев дека „тој, како вистински штит, го покриваат целиот цивилизиран свет, целиот Запад“.